Јапонските стјуардеси им нудат сексуални услуги на пилотите за пари

Јапонските стјуардеси поради ниските плати започнуваат со проституција, а тоа го потврдиле и неколку анонимни стјуардеси кои сега редовно ги наплатуваат сексуалните односи со пилотите.

Деведесет минутен секс чини меѓу 300 и 450 фунти, а помладите стјуардеси, кои се уште се во 20-тите години, нудат најскапи услуги.

Работата како стјуардеса е сон на многу жени во Јапонија и илјадници од нив секоја година се пријавуваат на овие работни места.

Но, реалноста е често пати поинаква, а таа вклучува ниски плати и долго работно време.

„Стјуардесите кои сакаат да „спијат“ со пилотите за пари, својот број и го даваат на „главната“ стјуардеса, која е всушност макро во целава приказна“, изјавила една стјуардеса.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Во такви околности, стјуардесите и пилотите користат невербална комуникација, со цел да разменат информации околу цената на сексуалните услуги и можната заинтересираност.

Некогаш работите одат толку далеку што стјуардесите пред летот се постројуваат пред пилотот и копилотот, за тие да можат да одберат девојки кои најмногу им се допаѓаат.

- Реклама -