Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава ќе подари повеќе од 9 милиони долари на луѓето на Твитер за да види дали ќе биде посреќен. Сè што треба да сторат е да ја ретвитуваат (споделат на нивниот профил на Твитер) неговата понуда.
Маезава заработил милијарди благодарение на својата интернет-страница за купување.
Тој ќе ги избере победниците и секој од избраните ќе добие околу 9.000 американски долари, така што ќе има 1.000 среќни добитници.
Маезава својата наградна игра ја нарекол „сериозен социјален испит“ за да види како таа сума пари влијае врз животот на еден од избраните лица.
Победниците можат да ги користат парите како што сакаат, сè што треба да сторат е да пополнат обрасци кои содржат прашања за тоа како ќе ги потрошат парите.
Натпреварот траеше до 7-ми јануари (извинете, доцниме) и Маезава вети дека ќе контактира лично со секој победник.
Инаку, Маезава, чие богатство се проценува на 2 милијарди долари, свири во рок бенд, и собира уметнички дела.
Тој исто така постави рекорд во тој домен – плати 111 милиони долари за една слика на Жан-Мишел Басквиат.
Тој имаше слична акција за подарување парични средства на почетокот од минатата година.