Јапонија повторно го има најбрзиот суперкомпјутер

суперкомпјутерНов јапонски суперкомпјутер наречен „К“ е новиот најбрз суперкомпјутер во светот – три пати помоќен од претходниот носител на титулата. К е составен од јапонската компјутерска фирма Fujitsu, сместена во Riken Advanced Institute for Computational Science во Кобе. Суперкомпјутерот може да направи 8,2 квадрилиони (1 квадрилион е 1 со 15 нули) пресметки во секунда.

Претходниот носител на титулата најбрза машина беше кинескиот компјутер Tianhe-1A, кој можеше да направи 2,507 квадрилиони пресметки во секунда. Ранкингот за најбрзите компјутери во светот е одржуван од Џек Донгара, професор по електронски инженеринг и компјутерски науки од Универзитетот од Тенеси во Ноксвил. Тој секои шест месеци објавува листа на која се набројани најбрзите 500 машини, одредено по нивната способност за извршување на стандардна математичка равенка. Новата листа била објавена вчера.

Според професорот перформансите на К се еквивалентни на милион поврзани десктоп компјутери, или подобри од заедничките перформанси на петте најблиски конкуренти. Суперкомпјутерот е составен од 672 плакари полни со печатени плочи, а креаторите планираат да го зголемат бројот на плакари на 800 во наредните неколку месеци. Компјутерот користи доволно енергија за напојување на 10,000 домови и за неговото работење се потребни 10 милиони долари годишно.

„Ова е многу импресивна машина“ изјавил професорот. „Многу е помоќен од останатите компјутери.“ По К и Tianhe-1A, третото место на листата го зазема Jaguar кој се наоѓа во Oak Ridge National Laboratory во Тенеси. Во САД се наоѓаат уште четири од десетте најбрзи суперкомпјутери, иако четири од петте најбрзи се од Кина или Јапонија. Ова е првиот јапонски суперкомпјутер кој ја добил титулата најбрз во светот по 2004 година.

Според Њујорк Тајмс, ранкингот се менува толку брзо што суперкомпјутерот сместен во Los Alamos National Laboratory во Ново Мексико, кој во јуни 2008 година бил најбрзиот, паднал на десетото место. Суперкомпјутерите се користат за голем број комплицирани задачи, како моделирање на климатски промени, симулации на земјотреси, предвидување за берзите како и нуклеарно истражување и развој на оружја. [Japanese supercomputer ‘K’ is world’s fastest]

- Реклама -