Јапонците измислиле бизарно помагало против брчки на лицето

Пластичните усни, кои наводно го подмладуваат лицето, ги „пеглаат“ брчките и ги ослободуваат порите, можете да го купите преку Ибеј за 53 долари. Многу жени се одлучиле да го пробаат, и покрај фактот што со него изгледаат како од цртан филм.

Пластичните усни функционираат на тој начин што ги ставате преку вашите усни, а потоа правите вежби за лице.

0647007.74

„Доколку сакате совршено лице, не е неопходно да одите под нож. Се што ви е потребно е помагало за усните“, се наведува во рекламата на јапонскиот произведувач.

Бизарното помагало го испробала и британската новинарка Клер Голдвин која своето искуство го опишала на „Дејли Мејл“.

– Се чувствував како во хорор, а не како во домашниот тоалет. Никогаш не би излегла во јавност со вакви унсни, ќе се плашам да не ме уапсат, напишала таа.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

0648007.74

За да функционираат пластичните усни, потребно е да правите различни гримаси, како кога изговарате пет самогласки. Помагалото пружа отпор, па така вежбите се ефикасни.

Произведувачот вели дека се доволни само три минути дневно за совршено затегната кожа на лицето и вратот.

http://youtu.be/V-SoUTfDt9Y

- Реклама -