„Јанко и пријателите“ исклучени

jankoЧовекот што ни ги преоптовари серверите во саботата, Јанко Илковски, од денес веќе нема да ја води емисијата на Club FM посветена на фудбалските натпревари од Светското првенство. Причината за тоа е упадот на МРТВ во уредувачката програма, остварен со помош на Советот за радиодифузија.

jankoМакедонската радио и телевизија, односно директорката Гордана Стошиќ, повикувајќи се на Советот за  радиодифузија успеала да издејствува забрана на еден од најпопуларните радио термини во Скопје-муабетите  за фудбал за време на натпреварите на Светското фудбалско првенство. Терминот кој го водеше Јанко  Илковски на Клуб ФМ од денес нема да го има. А ќе го нема затоа што Гордана Стошиќ така сака. Ова е прв  јавен упад на МРТВ во уредувачка програма на друг медиум остварен со помош на Советот за радиодифузија.

 

Преземено од Вечер

- Реклама -