Софија, 25 ноември 2021 (МИА) – Политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета, рече во речиси едночасовното интервју за БНТ привремениот бугарски премиер Стефан Јанев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.
Јанев, исто така, рече дека пред да ја преземе функцијата преодната влада во мај оваа година, позицијата не била јансо соопштена. Нема да отстапиме од нашата позиција, изјави премиерот на Бугарија Стефан Јанев.