„Дај боже сите да размислуваме објективно. Дај боже да сме сите ко Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да може да работиме. Ако тоа го постигнеме, од двете страни да го постигнеме истото, ние ќе бидеме држава Швајцарија”, рече градоначалникот на Кавадарци – Митко Јанчев, на трибина на која се зборуваше за лидери и на која посочи каков лидер сака тој лично да биде. Јанчев се надоврза на претходни говорници, кои коментираа за лидерските квалитети на Заев, Груевски и Мицкоски.
Јанчев побара неговата изјава да не биде сфатена како навpeда кон неговата „лична“ партија (ВМРО-ДПМНЕ), туку како негов личен став.
виа Локално