Јамал е новото „Златно момче“ на Европа

Играчот од средниот ред на Барселона и шпанската репрезентација Ламин Јамал ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година.

Јамал беше втор во минатогодишната анкета, кога Џуд Белингем од Реал Мадрид ја освои наградата.

Летото 17-годишниот играч од средниот ред го освои Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија.

Јамал ја освои наградата, за која беа номинирани 25 играчи, меѓу кои и двајца од Манчестер Јунајтед – Коби Меину и Алехандро Гарначо, дуото на Јувентус, Кенан Јилдиз и Самуел Мбангула, како и Ендрик и Арда Ѓулер од Реал Мадрид.

- Реклама -