Јамал доби сертификати од Гинисовата книга на рекорди

Фудбалерот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, Ламин Јамал доби сертификати од Гинисовата книга на рекорди.

Седумнаесетгодишниот фудбалер стана најмладиот играч кој учествувал во завршната фаза на Европското првенство, како и најмладиот стрелец на гол на Евро.

Јамал одигра седум натпревари за шпанската репрезентација на Евро 2024, постигна еден гол и четири асистенции. За време на турнирот, играчот наполни 17 години.

Минатата сезона Јамал постигна седум гола и девет асистенции на 50 натпревари за Барселона во сите натпреварувања.

- Реклама -