Со помош на ова бизарно палто ќе можете да ги следите сите музички фестивали на отворено, со тоа што ќе имате заштита од дожд преку ден, а шатор навечер. За жал, најверојатно нема да бидете најкул личност на подиумите.

Цената на ова двострано задоволство е 182 евра, а на пазарот ќе се појави за неколку месеци.
JakPak во својот дизајн вклучува водоотпорна вреќа за спиење, минимално структуриран шатор и мрежичка против инсекти. Тој инстантно креира сува околина кога најмногу ви е потребно, а одличен е за спортски навивачи, луѓе кои живеат во области со променлива клима, како и оние кои редовно се губат во природа. [JakPak.com]