Пејџ сметала дека нема да биде голема работа доколку ја избричи главата на нејзината ќерка, па поставила фотографија на социјалните мрежи. Меѓутоа, дури тогаш сфатила дека она што го направила многумина ќе го осудат.
Имено, нејзината малечка барала фризура како на нејзиниот брат и татко. Откако мајка и и објаснила дека луѓето сметаат дека девојчињата треба да имаат долги коси, таа одговорила: „Нема шанси. Девојчињата треба да имаат каква сакаат фризура!“
Нејзината мајка ја предупредила дека луѓето подоцна можеби ќе ја задеваат и навредуваат, и дека ќе и викаат дека е момче. Сепак, малечката била упорна: „Во ред мамо, јас ќе им објаснам дека сум девојче.“
Пејџ ја исполнила нејзината желба, а како резултат на тоа, интернетот „експлодирал“.
Започнала да добива критики и напади од многумина кои ја виделе фотографијата, некои дури ја обвиниле дека го претворила сопственото дете во социјален експеримент, за да ја задоволи сопствената суета.
Сепак, нејзиниот одговор ги побил сите негативни коментари:
„Да, можев да ја наговорам да не ја скрати косата. Јас сум нејзина мајка, и моето мислење има влијание врз неа. Можев да и викам дека има убава коса, и дека би било штета да ја ишиша. Но, со самото тоа ќе и покажев дека нејзиниот изглед ми е многу важен, и дека треба поважно да и биде како ќе ја гледаат и што ќе мислат другите, во однос на нејзините чувства и желби“.
На нејзината ќерка воопшто не и пречи ниту новата фризура, ниту вниманието, туку смета дека е навистин забавно да се шиша кратко како нејзиниот татко.