Кога станува збор за реклами планирани да се прикажуваат на американскиот Super Bowl (плејоф во американскиот фудбал), ич не очекувајте да бидат обични. Напротив, брендовите ќе ја искористат секоја можна прилика и идеја да ви го привлечат вниманието.
Тоа се гледа уште сега, иако Super Bowl-от почнува дури на 4-ти февруари. Ние веќе го имаме својот фаворит, можеби и на сите времиња: Дени ДеВито во рекламата на M&M.
Зошто плива во чоколадо? Прво, зашто е пресмешно. Второ, затоа што во сите претходни реклами на M&M, нивните бонбони пливаат во базен од растопено чоколадо. Овојпат ДеВито е бонбоната.
„Кога M&M ме контактираа за да играм во нивната Super Bowl реклама, веднаш ја зграпчив понудата да бидам партнер со таков иконски бренд“, вели ДеВито. „Плус, кој може да одолее да ме види во џиновски базен од чоколадо?“
Никој бе Дени, никој не може да одолее. Цар.