Извршниот директор на Манчестер Јунајтед со целосна поддршка за Тен Хаг


Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада изјави дека менаџерот на тимот Ерик тен Хаг ја има целосната поддршка од раководството и рече дека е оптимист за долгорочниот развој и успех на тимот во Англија и Европа.

Јунајтед минатата сезона заврши на осмото место во Премиер лигата, а загубија со 3:0 на домашен терен од Ливерпул во натпреварот изминатиов викенд, откако веќе загубија два од трите во Премиер лигата. Тимот го зазема 14-то место.

-Ерик ја има нашата целосна поддршка. Мислиме дека тој е вистинскиот тренер за нас. Работевме заедно во преодниот рок и ќе продолжиме да работиме за да му помогнеме да постигне најдобри резултати со тимот, прокоментира Берада.

Последната титула за Јунајтед е во 2013 година во последната сезона на Алекс Фергусон.

-Не сакаме само да ја освоиме Премиер лигата и да бидеме задоволни со тоа. Сакаме да создадеме тим кој е способен да се бори во Лигата на шампионите, за трофеи во Англија и да биде стабилен. Оптимист сум за тоа што ни претстои. Мислам дека почнуваме да ја склопуваме сложувалката и целосно сум убеден дека ќе успееме, заклучи Омар Берада.

- Реклама -