Извонреден спектакл: Хрватите ги пречекаа мундијалските вицешампиони како полубогови (галерија, видео)

Одете па избројте ги колку беа, но се проценува дека „сребрените“ од Мундијалот во Русија ги дочекаа вкупно околу пола милион Хрвати. Таков спектакл не се памети во Хрватска, особено не во спортска конотација.

И после часови вожња од аеродромот во Загреб па до плоштадот Бан Јелачиќ, хрватските репрезентативци, како и Далиќ и остатокот од тимот, не можеа да веруваат во тоа што им се случува. Солзите, секако, не можеа да бидат задржани. Ако некој со право може да рече дека некогаш се почувствувал како полубог, тоа се овие момци. Погледнете го ова извонредно лудило од пречек:

- Реклама -