Дуелот што многумина го гледаа како битка за трофејот во Лион, сепак ќе го проследиме како двомеч во полуфиналето.
Денешната ждрепка во Нион сакаше да ги спои двете најголеми имиња, па Арсенал за противник го доби Атлетико Мадрид. Во вториот дуел, Марсеј ќе игра со најпријатното изненадување во оваа фаза, Салцбург.
Првите натпревари се играат на 26. април, а реваншите една недела подоцна.
На денешната ждрепка беше утврден и распоредот за финалето. Во Лион, победникот од двомечот помеѓу Марсеј и Салцбург ќе се води како домаќин, а подбриот од пресметката помеѓу Арсенал и Атлетико како гостин.