Израелски тенкови стигнаа до центарот на Рафа

Неколку израелски тенкови денеска стигнаа до центарот на Рафа, изјавија очевидци, три недели по почетокот на копнената операција во тој град во јужниот дел на Појасот Газа.

Тенковите биле забележани во близина на џамијата Ал-Авда, централната знаменитост на Рафа.

Израелската не ги коментираше извештаите, велејќи дека соопштението за операција во Рафа ќе биде објавено подоцна.

Во меѓувреме, војниците продолжија да го напаѓаат градот од воздух и со тенковски оган, продолжувајќи ја својата офанзива и покрај меѓународната осуда за нападот во неделата.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -