Израелската армија објави дека го убила телохранителот на Синвар

Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа соопштија дека го убиле и телохранителот на загинатиот лидер на палестинското движење „Хамас“ Јахја Синвар, јави ДПА.

ИДФ соопшти дека Махмуд Хамдан бил убиен за време на судир со израелската војска во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Неговата смрт се случи вчера на само 200 метри од местото каде што ИДФ го ликвидираше Синвар во средата, соопштија израелските одбранбени сили.

Хамдан бил командант на баталјон на Хамас во населбата Тал ал-Султан во Рафа и служел како телохранител на Синвар. Тој, исто така, ги чуваше шесте израелски заложници кои беа убиени од неговите луѓе во август, додаде ИДФ. Израелските одбранбени сили ги пронајдоа нивните тела во тунел под Рафа, каде што пронајдоа и траги од ДНК на Синвар.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Движењето Хамас се уште не ја потврдило смртта на Хамдан.

- Реклама -