И Израел, за првпат, ја обвини Русија за воени злосторства

Ерусалим, 5 април 2022 (МИА) – Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид остро ја осуди Русија за, како што рече, „воените злосторства“ во Украина.

„Сликите и сведочењата од Украина се ужасни. Руските сили извршија воени злосторства против цивилното население без одбрана. Остро ги осудувам овие воени злосторства“, истакна Лапид.

Претходно денеска израелскиот премиер Нафтали Бенет ги осуди убиствата на цивили во украинскиот град Буча, но не ги обвини руските сили за тие злосторства.

Сега, неговиот министер го направи тоа и ова е првпат Израел да ја обвини Русија за воени злосторства во Русија.

Прочитајте и:  Борел: Се надевам дека ЕУ членките ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
- Реклама -