Израел повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи што се влеваат во Појасот Газа

Израел повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи кои обезбедуваат вода до Појасот Газа, со што сега на територијата што ја контролира Хамас се слеваат околу 28,5 милиони литри вода дневно.

Координаторот за владини активности на териториите (COGAT) соопшти дека вториот водовод повторно бил отворен вчера.

Снабдувањето со вкупно 28,5 милиони литри дневно е нешто повеќе од половина од приближно 49 милиони литри дневно што Израел ги снабдуваше пред војната.

На 9 октомври Израел ја прекина водата што преку цевководи ја праќа кон Газа, што изнесува девет отсто од снабдувањето со вода на крајбрежната енклава во мирно време, според официјален претставник на ЦОГАТ, но повторно отвори еден од јужните цевководи минатата недела со намален проток.

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

ЦОГАТ соопшти дека сега има доволно вода и храна за да се задоволат хуманитарните барања на Газа, додавајќи дека агенцијата постојано ја следи ситуацијата на терен.

МИА

- Реклама -