Израел повторно ги повика цивилите во Газа итно да заминат на југ: „Вашиот простор за дејствување се затвора“

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари упати „итна молба“ до граѓаните на северниот дел на Газа и градот Газа „веднаш“ да заминт на југ.

Во објава на X, Хагари истакна дека ќе можат да се вратат во своите домови кога ќе завршат „интензивните непријателства“.

Тој додаде дека Хамас ги става во опасност нивните животи ставајќи оружје во цивилни области и оти Израел нема да ги заборави бруталните напади на групата на 7 октомври.

„Вашиот простор за дејствување се затвора. Движете се кон југ за ваша безбедност“, нагласи Хагари.

МИА

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас
- Реклама -