Израел: Нетанјаху вечерва ќе биде опериран и накратко ќе ја напушти премиерската функција

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ќе биде опериран денеска од хернија што ја открија лекарите при рутинска проверка, соопштија од неговиот кабинет. Операцијата ќе се одржи по состанокот на неговиот воен кабинет вечерва, се прецизира во соопштението.

За време на операцијата, Нетанјаху ќе биде под целосна анестезија. Тој потоа ќе се опоравува и за тоа време накратко ќе се откаже од функцијата премиер на Израел.

– Во овој период, заменик премиерот и министер за правда Јарив Левин ќе ја извршува премиерската функција, информира Кабинетот.

Инаку, на Нетанјаху минатата година му беше вграден пејсмејкер.

Прочитајте и:  Долгогодишниот заменик на местото на убиениот Насрала како нов лидер на Хезболах - кој е Наим Касем?
- Реклама -