Група ученици на лондонската академија „Исак Њутн“ во Есекс, измислија кондоми што ја менуваат бојата кога ќе дојдат во допир со полово-преносливи инфекции.
Овие кондоми имаат вграден индикатор за инфекциите како хламидија и сифилис, а боите се менуваат во зависност од видот на присутни бактерии.
Творците на овој одличен изум се 14-годишниот Даниал Али, 13-годишниот Муаз Наваз и 14-годишниот Чираг Шак. Нивната генијалност беше наградена со Тинејџ наградата за најдобра здравствена иновација. Исто така, триото доби и награда од 1000 долари, како и патување до Бакингемската палата.
„Креиравме таканаречено око кое претставува нов начин на откривање на полово преносливи болести и кое ќе им помогне на идните генерации“, вели Даниал. „Сакавме да направиме нешто што ќе го олесни детектирањето на полово преносливите инфекции во приватноста на сопствениот дом, без инвазивни процедури кај докторите“, пишува Independent.
На Тинејџ наградите од областа на науката, наградени беа и учениците што измислија обувки што овозможуваат напојување со електрична енергија додека одите, како и електрична славина која би можела да помогне во снабдувањето со вода во земјите во развој.