Изложбата “Нови хоризонти” на Зоран Арсовски –Бабата во Центарот за култура Крива Паланка

На 20 ти јуни во 19.30 часот во НУ Центар за култура Крива Паланка во рамки на манифестацијата Крива Паланка град за 2024 година, ќе биде отворена самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски –Бабата со наслов “Нови хоризонти”.

Проектот е од проектите од национален интерес во културата од годишната програма за 2024 година на Министерство за култура.

Ова е 16-та по ред самостојна изложба со која ќе се претстави реномираниотсликар м-рЗоран Арсовски-Бабата пред љубителите на уметноста, овојпат пред Македонската публика, откако претходните проекти и изложби тој многу повеќе ги презентираше пред меѓународната ликовна сцена.

Арсовски ероден 1980 година во Куманово, Р. Македонија. Дипломирал 2005 година на Националната Ликовна Aкадемија во Софија,Р.Бугарија, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Во 2007 година магистрирална истата Академија и се стекнал со професионална квалификација Магистер по Сликарство.

Прочитајте и:  Отворена изложбата “Испразнетото гнездо” на Марија Конеска

Има учествувано на повеќе Меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална установа Центар за култура „ТрајкоПрокопиев”-Куманово како Стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Сопственик е на уметничка Галерија „Art Gallery Arsovski” – Куманово.

За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.

- Реклама -