Изложба на слики од Билјана Билбилоска во Cite Internationale des Arts во Париз

Под наслов „Underpainting“, вчера во „Cite Internationale des Arts“ во Париз беше отворена изложба на слики изработени во акрилна техника од Билјана Билбилоска.

Изминатите неколку седмици, Билјана Билбилоска престојуваше во куќата на уметниците во Париз, во квартот Le Marais.

Главниот белег на оваа изложба е насочена кон истражувањето на палетата на бои на Леонардо да Винчи, на неговите три капитални дела во Лувр, како и на неговата специфична техника на работа, универзално позната како Underpainting, или сликање во неколку слоеви на боја.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Прочитајте и:  Изложба на фотографии од личната колекција на царското семејство Романови
- Реклама -