Изложба на ликовни дела од младите уметници на “АРТ СМАРТ”

Вчеравечер во Europe House Струмица, се одржа изложбата на ликовни дела, цртежи и скулптури создадени од најмлади креативци, од 4 до 11 години, од ликовното студио ART SMART на професор Љупка Галазка- Василев.

Во текот на оваа креативна 2023/24 година, децата ги користеле своите таленти и имагинација за да создадат извонредни дела, кои ги отсликуваат нивните соништа, приказни и уникатни гледишта на светот.

Оваа изложба не е само показ на нивната уметничка вештина, туку и прослава на нивната радост и посветеност кон уметноста.

Изложбата ќе биде поставена до крајот на идната недела.

- Реклама -