Неколку десетици слонови учествувале во избор за убавина, што секоја година се организира во националниот парк Читван, во Непал, а три слонови влегле во финалето.
Вкупно 90 слонови учествувале во оваа манифестација што се одржа на крајот на декември, минатата година, а петчлено жири ги избрало финалистите.
Критериумите за влез во финалето се движеле од вкупниот темперамент, до самиот карактер на животните. На добар дел од слоновите им биле направене педикири, како и обоени ноктите со лак, што, исто така, било важно во трката за круната. Биле земени предвид и чистотата и шарите со кои биле исцртани телата на слоновите.
Шри Рам, кој работи во комитетот за менаџмент на слоновите, изјавил за Reuters дека слоновите што влегле во финалето, всушност, биле избрани поради убавите декорации на нивната кожа. [Elephant beauty contest held in Nepal]
[youtube]GScxjLBu0TA[/youtube]