Еден од најважните додатоци што ја завршува сликата на една невеста е невестинскиот букет.
При изборот на букет треба да се имаат предвид неколку факти – стилот на свадбата, личните преференции на невестата, годишната сезона и модните трендови.
Тука се и светлите украсни додатоци, кои што го красат букетот – ленти, чипка… Една од најпознатите вакви трендови е употребата на пердуви од ној. Генерално, најактуелна тема во свадбената декорација е градинарската. Ако зборуваме за бои, тогаш тука има две крајности – игра на контрасти и монохромност (прелевањето на нијанси на една основна боја).
Белата боја, како и кај фустаните, им отстапува место на цвеќињата, но тоновите се пастелни и пригушени, нежни и романтични.
Во зима омилени се градинарски рози во пастелни бои.
На пролет фокусирајте се на розови божури, јоргован, лаванда, орхидеи и се разбира, кокиче.
А во текот на летото можете да експерементирате со бои и форма. Во оваа сезона во невестинскиот букет многу добро ќе изгледаат маргаритки или хризантеми.
Есенските букети се во многу меки бои – жолта, портокалова, кафеава. А најактуелната тема во оваа сезона е природата. Се повеќе невести користат различни видови треви, полски житни класја, садници од растенија, овошје.
Какви цвеќиња и да изберете, не заборавајте – совршен букет не е оној кој се смета за модерен, туку оној кој ги нагласува вашата индивидуалност и убавина.