„Изберете живот, гласајте зелено“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе учествува на локалните избори на 17 октомври, соопшти на денешната прес-конференција партискиот портпарол Бујар Османи.
Османи истакна дека изборната кампања треба да расветли како кандидатите уште повеќе ќе ги развијат нашите општини, ќе ги направат помодерни, повеќе ќе ги вклучат граѓаните и секој ден ќе го слушаат нивниот глас.
„Ние како ДУИ се обидовмје да останеме партија на дадениот збор и на реализираното дело, затоа се договоривме со сите кандидати да се придружат во зелената агенда за подобрување на квалитетот на шивот. Зелено значи чисти градови без отпадок на улиците и населбите, значи чиста вода во сите општини, чист воздух за нас и нашите деца, тоа е живот. Чиста и евтина енергија за сите граѓани, создавање на одржливи работни места за да ја поттикнеме економијата. Како резултат на нашата нова агенда, новата задача на нашите кандидати за градоначалници е да ги направат општините уште подобри, уште позелени. Ова е зелената агенда. Тоа е живот, поквалитетен живот“, рече Османи.
Тој додаде дека Зелената агенда подразбира инвестириање во ефективно управување со отпадот, завршување на изградба на мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, патеки за трчање и возење велосипед, паркинзи, повеќе зеленило, повеќе паркови.
„Дигитална агенда значи електронска администрација како клуч за ефикасна јавна услуга, но исто така и транспарентна со обезбедување на целосно дигитални услуги. Е-општина подразбира и дигитализација на училишта со квалитетен и бесплатен интернет во сите населени места, како и соодветна инфраструктура. Агенда на отворена врата значи дека градоначалниците се на услуга на граѓаните, а општините им припаѓаат на граѓаните и не смее да има затворена врата за маките на граѓаните. Агенда за вклучување на граѓаните подразбира дневно политичко вклучување, чести и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и на нивната иднина.
Нулта агеда е да се биде избран и да се добие доверба од граѓаните – нашите градоначалници ќе ја обезбедат и заштитат оваа доверба по секоја цена. Новина на овие избори е нулта политика што значи нулта оптад, нула злоупотреба, нула лошо управување, нула корупција, нула кучиња скитници, нула недостаток на паркинзи, нула дивоградби, нула запоставени граѓани. Овие пет општи ветувања не се само изборно ветување на кандидатите за градоначалници, туку нов задолжителен кодекс на однесување“, истакна партискиот портпарол.