Во сезоната на лубеници, сите сакаме да ја избереме најголемата и најсочната, но постојат неколку работи кои треба да ги знаете и кои можат многу да ви помогнат за да не ве излажат при нивното купување.
Лубеницата исечена на половина која е изложена врз купот со лубеници никогаш не ја земајте како единствено мерило при купување на лубеница.
Неупатеноста во основните карактеристики на свежите и зрели лубеници неретко завршува со разочарување откога ќе ја однесеме дома и ќе ја пробаме. Следните неколку правила лесно ќе ви помогнат меѓу купот од лубеници да ја пронајдете зрелата и сочна лубеница.
1. Шарите на лубеницата ја оддаваат нејзината старост, па затоа секогаш бирајте ја онаа со посветли шари бидејќи тие лубеници се позрели, а со самото тоа и позрели и посочни. Покрај тоа, страната на која лубеницата лежела на земја треба да има добиено жолтеникава боја, додека белата или светлозелената се знак на недоволно зрел плод.
2. Обрнете внимание на тежината на лубеницата. Доколку за нејзината големина е неочекувано лесна, тоа значи дека нејзината содржина е сува и нема доволно сок.
3. Доколку лубеницата има рачка, истата би можела да ви биде мерило за свежината. Имено, завиена рачка е знак на зрела и свежа содржина.
4. Звукот на сочната лубеница треба да потсетува на оној на ѕвоно. Доколку кога ќе ја чукнете таа дава тап звук, не ја купувајте.