Кога ќе се најдете во друштво на личност која ве нервира, ви се чини дека тоа е доволна казна сама по себе, но никогаш не заборавајте дека луѓето кои ви одат на нерви негативно влијаат на вашиот мозок.
Во присуство на луѓе кои ве нервираат, вашиот мозок работи побавно. Познато е дека во друштво на различни луѓе, различно реагираме на нивното однесување и понекогаш се поистоветуваме, а тоа се вика синдром на огледало.
Во едно истражување од оваа област земале учество две групи на мажи. Едните биле прикажани како неонацисти, а другите како топли и отворени личности. Кога испитаниците ги набљудувале мажите од првата група, кај нив се активирал синдромот огледало и мозокот реагирал на поразличен начин од оној кога ја гледале другата група.
Разликата во работата на мозокот е воочена само кога личностите од првата група биле присутни. Ова значи дека дури и основните работи се поврзани со социјални фактори, како нашите меѓучовечки или друштвени односи во некоја група.
Резултатите од ова истражување даваат важна потпора за идејата дека социјалните фактори влијаат на нашата перцептивна обработка на податоците. [Annoying people can slow down your brain: study]