Ивановски постигна гол и го посвети на загинатите бранители (видео)

Македонскиот интернационалец, Мирко Ивановски синоќа постигна гол за Астра, погодокот го посвети на загинатите бранители кои на вчерашен ден пред 12 години беа ликвидирани кај месноста Карпалак.

Астра одигра 2-2 на домашен терен со Тренчин, но во првиот натпревар победи со 3-1 и ги продолжува натпреварите во Лига Европа.

Ивановски беше стрелец на првиот погодок за неговиот тим, погледнете го неговиот гест:

[youtube]http://youtu.be/oclvK-d8Sjw[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -