Ивана Петерс (40) од познатата белградска група „Негатив“ пред десет дена имала срцев удар.
Таа гостувала во емисија на радио телевизија Србија, каде по снимањето се пожалила дека воопшто не се чувствува добро.
„ Сними еден скеч и потоа отиде во пресоблекувалната и се пожали дека не и е добро. Бидејќи сите сме запознаени дека не е добра со здравјето, веднаш го повикавме нејзиниот сопруг Александар, кој знаеше дека состојбата и е сериозна“, раскажува извор близок на пејачката.
Веднаш пристигнала Брзата помош да се погрижи за пејачката и ја пренеле во клиника каде што итно била оперирана на Институтот за кардиваскуларни болести.
Членовите на нејзиното семејство изјавиле дека и бил вграден стент и сега се чувствува подобро.
Во Клиничкиот центар пејачката била примена со дијагноза за акутен инфаркт.
Таа поминала добро, благодарение на тоа што веднаш било реагирано, а моментално се наоѓа на домашна нега.