Сега можете да ја покажете вашата љубов кон Facebook и на вашите очи.
Француската модна куќа Ив Сент Лорен претстави ограничено издание на сенка за очи инспирирана од Facebook. Палетата, чие име е “Pure Chromatics Devoted To Fans” е сместена во сина кутија обележана со “Devoted to Fans – YSL #1”. Внатре се наоѓаат четири бои – сина, бела, црна и сива – огледало и два мини апликатори.
Помалку од 2000 ќе бидат произведени и ќе бидат достапни за фановите на Facebook страната Fragrances and Beauty од САД, Обединетото Кралство, Франција и Јапонија на 19 јули. Според kissandmakeup.tv палетите во Обединетото Кралство ќе чинат 39 фунти.