По успешните настапи на овогодишните грен – слем турнири, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ги прогласи Србинот Новак Ѓоковиќ и Белорусинката Арина Сабаленка за светски шампиони за 2023.
Поединечната награда во машка конкуренција на Ѓоковиќ му е доделена по рекорден осми пат, откако освои три од четирите календарски грен – слем титули.
Ѓоковиќ освои вкупно 24 грен – слем титули во кариерата, израмнувајќи го апсолутниот рекорд на Маргарет Корт, а оваа година триумфираше и на АТП завршницата по рекорден седми пат и 2023 ја заврши како светски рекет број 1 на АТП листата.
Светската шампионска за 2023 во изборот на ИТФ, Сабаленка, оваа година триумфираше на Австралија Опен, играше во финалето на Ју Ес Опен и дојде до полуфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон.