Италијанскиот Мау Таи борец Christian Daghio починал во петокот во болница во Бангкок на 50-годишна возраст, една недела по тешкиот нокаут во борбата за титула на азискиот огранок на WBC во тешка категорија.
Тајландскиот борец Don Pareuang го прати Daghio во нокдаун, по што, иако нецелосно присебен, Италијанецот повторно застана на нозе и продолжи да се бори. Следуваше нова серија од удари од кои Daghio падна на подот, но и во кома од која никогаш не се разбуди.
Италијанецот имаше 189 настапи во muay thai (тајландски бокс), а од нив дури 145 победи. Освои неколку светски титули, а во 1993 година на возраст од 21 се преселил на Тајланд. Таму имаше девојка и 5-годишна ќерка.
„Замина на начинот на кој сакаше. Да можеше, би се борел до свои 80 години. Рингот беше неговиот живот“, рече во кратката изјава неговиот брат Фабрицио.