Италијанската патека Мисано ќе биде замена за ГН на Казахстан


Патеката Мисано ќе биде домаќин на две трки од Светскиот шампионат во Мото ГП оваа година. Покрај трката за Големата Награда на Сан Марино, во Мисано ќе се вози уште една трка годинава. Трката во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Казахстан, закажана за септември е откажана поради логистички причини, соопшти Меѓународната мотоциклистичка федерација (ФИМ).

„Оперативните и логистичките проблеми кои произлегоа од неодамнешните поплави во регионот го оневозможија организирањето на настанот оваа година“, се вели во соопштението на ФИМ и натпреварувачкиот промотор Дорна.

Трката во Казахстан ќе биде заменета со Големата награда на Емилија Ромања, која ќе се вози од 20 до 22 септември.

- Реклама -