Папата Френцис ги потсети верниците дека „телото Христово“ не е без глутен.
Бискупот Роберт Сара од Congregatio de Cultu Divino et Disciplina Sacramentorum објави писмо во кое папата го овластува да ги објави прецизните состојки на лебот и виното кои се користат за причест.
Според Ватикан, телото Христово т.е. благословениот леб кој им се дава на католичките верници, мора да содржи мали количини глутен. Виното, пак, мора да е направено од необработено грозје.
„Лебот кој е целосно без глутен е ‘неважечка материја’ за прославата Евхаристија“, стои во писмото кое беше прочитано на Радио Ватикан. Се додава и дека лебот со минимална количина на глутен е „единствена валидна материја“. На тие што не смеат да конзумираат вино и леб со глутен, црквата им препорачува напиток од цедено овошје наречен „mustum“.
Писмото е објавено како одговор на појавата на безглутенски верски лебови во супермаркетите и на интернет. Правилото дека католичкиот леб мора да содржи „мала количина“ глутен е пропишано во 2003-та година.