Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Јапонците најмалку уживаат во секс и во романтичниот живот, а веднаш зад нив се Јужнокорејците, посочува ново испитување на истражувачката агенција „Ипсос“ со седиште во Париз, Франција.

Овие две земји од Источна Азија, инаку, се борат со слична демографска криза со својот хронично – и опасно низок наталитет, како што предупредуваат властите. Анкетата, објавена оваа недела, опфаќа 31 држава низ светот, и покажа дека само 37 отсто од Јапонските испитаници доживуваат задоволство од романтиката и сексот. За Јужна Кореја, тој број изнесува 45 отсто, наспроти 76 насто кај највисоко рангираните Индија и Мексико и 75 отсто кај испитаниците од Кина и Тајланд.

Од европските земји, Шпанија е осма на оваа листа – со 70 отсто задоволни. Велика Британија, Полска и Турција се некаде на средината од списокот, а Германија, Унгарија и Италија се при дното.

Во јуни, јапонското Министерство за здравство ја опиша стапката на наталитет во државата како „критична“, бидејќи лани таа изнесувала 1,20. Тоа е рекордно ниско државно ниво веќе осма година по ред.

Во таа смисла, Јужна Кореја, има најниска стапката на наталитет во светот, од 0,72.

На прашањето колку „се чувствуваат сакани“ во животот, 51 насто од Јапонците го кажале тоа – најнизок број од сите. Малку над нив се Јужнокорејците и Италијанците со 63 отсто.

Незадоволството е делумно резултат на „личноста на Јапонците кои не се добри во артикулирањето на своите емоции и ставови кога станува збор за романса“, се вели во анкетата на „Ипсос“.

Меѓу напорите за зајакнување на падот на наталитетот во Јапонија е и апликацијата за запознавање пуштена оваа година од властите во главниот град Токио. Тука, од корисниците се бара да достават документација со којашто „законски“ докажуваат дека се самци и да потпишат документ во којшто наведуваат дека се подготвени да стапат в брак.

- Реклама -