Истражувања го покажале ефектот на медот врз организмот – доволни се две лажички дневно

Истражување објавено во 2022 година во научното списание „Nutrition Reviews“ покажа дека медот може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Во истражувањето учествувале 1.110 луѓе и тоа траело околу два месеци, а резултатите покажале дека медот позитивно влијае на здравјето на срцето и дека поволно влијае на нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Учесниците генерално консумирале околу две полни лажички мед дневно, но било забележано дека сировиот мед е тој што дава многу повеќе придобивки, додека преработениот мед не е толку ефикасен кога се работи за придобивки за телото.

„Овие резултати се изненадувачки, имајќи предвид дека медот е приближно 80 проценти шеќер. Но, медот е и сложен состав од шеќери, протеини, органски киселини и други вообичаени и ретки биоактивни соединенија кои се многу корисни за здравјето. Медот е богат со антиоксиданси кои се добри за здравјето на срцето. Содржи флавоноиди кои имаат способност да го спречат формирањето на згрутчување на крвта, но и фенолни соединенија кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ги штитат клетките од оксидативен стрес“, вели диететичарката Кетрин Хервасио за „Nutrition Reviews“.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

На крајот, експертите се согласија дека една до две лажици суров мед дневно се доволни за да ги добиете хранливите материи што ви се потребни за здравје.

- Реклама -