Историјата на Pac-Man

Да се нарече Pac-Man обична видео игра е голема неправда. Pac-Man е културна икона, симбол на цела една декада и ентитет што го редефинира самото играње видео игри. Доказ за тоа е што секоја нова генерација продолжува да го сака и да го вреднува, а да не зборуваме за иницијалниот успех што играта го постигна. Како авторот дошол до идеја за една ваква игра?

Се почна со пица

pacman_pizza EDITВо 1979-тата, 27-годишниот Тору Иватану, вработен во Namco, како што самиот тврди, додека јадел, погледнал во пицата и добил идеја да направи игра чија централна идеја ќе се одвива околу јадење. Од каде му била инспирацијата? Имено, 2 парчиња од пицата веќе биле изедени, а остатокот силно асоцирал на отворена уста. Резултатот бил Pakkuman, дериват од јапонската фраза „paku-paku taberu“, што е всушност ономатопеичен сленг за „млацкање со устата“. А тоа е баш она што главниот херој Pac-Man го прави најдобро додека ги јаде омилените точки. Кога сме кај јадењето, идејата зад конзумирањето храна за да стекне енергија, наводно била инспирана од Попај.

Се дотогаш, најпопуларните аркадни видео игри, како Asteroids и Space Invaders, биле примарно таргетирани кон децата и тинејџерите. Иватану сакал да допре до што поширок демографски спектар на публика. Оттаму и доаѓа дизајнот на нивоата во вид на лавиринт, а од истата причина е и постоењето на непријателските Blinky, Pinky, Inky и Clyde. Насловот бил сменет во Puck Man поради сличната форма на главниот карактер со пакот во хокејот.

Прочитајте и:  Низ историјата на музиката - 27ми јуни

pacman3Штом играта излегла на пазарот во САД, неколку работи биле сменети. Нивото на предизвик било покачено, за играта да биде поатрактивна за западната публика, а биле сменети и темпото и делумно визуелниот дизајн на нивоата. Најголемата разлика сепак се состоела во приемот на играта, пред да излезе на пазарот. Додека во Јапонија играта добила топол пречек, американските инвеститори не биле многу воодушевени и не ја препознале вредноста во неа. Се разбира, згрешиле. Веднаш откако Pac-Man била пуштена на поширокиот американски пазар, преку ноќ станала хит, брзо надминувајќи ја дотогаш најпродаваната Space Asteroids. Само во првата година Pac-Man заработила билион долари, а до 1990-та играта генерирала околу 2.5 билиони долари.

А само замислете што би било ако Тору нарачал нешто друго наместо пица.

- Реклама -