Историја на Скопскиот аеродром

emi-12Како најново и најсовремено превозно средство авионите последни биле
вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен ''Скопје'' а се
наоѓал на крајот од градот, кај денешната населба ''Аеродром''.

Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот ''Потез-29'' и превезувал 5 патници. Како најново и најсовремено превозно средство авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен ''Скопје'' а се наоѓал на крајот од градот, кај денешната населба ''Аеродром''.

 

zupan-1

Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале во 7 часот наутро. Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, во 1925 година, како вљубеник во воздухопловството и прв човек на власта, купил еден француски авион “Каљдран”, прв цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија.

 

 

34-1

Прв пилот бил М. Јерошенко. Eсента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во Зајчев рид и во стариот Аеродром.

 

 

emi-1

Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Kако куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

 

 

Во 1937 година во договор со авионското друштво “Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот “Правда” од Белград.

 

22-2
Старата аеродромска зграда
 
преземено од

 

- Реклама -