Историчарот Тодоров: Мора само да се умpe, а за решение за Гоце Делчев до октомври ќе покаже времето

На денешната заедничка прес-конференција на премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега кој денеска е во посета на земјава, Бојко Борисов, прашан дали Бугарија ќе го блокира европскиот пат на Македонија ако не се постигне решение за Гоце Делчев, порача дека не сака ни да размислува околу тоа да се најде во ситуација да треба да крене рака и да гласа против почеток на преговорите на земјава со ЕУ, после сè што, како што вели, направил за европската перспектива на Македонија. Борисов, избегнувајќи директно да одговори каков ќе биде чекорот на Бугарија во едно такво сценарио, истакна дека заедничката историска комисија треба и мора да постигне компромис до октомври, макар работела и секојдневно. „Треба, и ќе постигне“, се надоврза премиерот Заев.

Историчарот Петар Тодоров, кој е дел од македонската страна во комисијата, не е толку сигурен. Во разговор со „Алсат“ тој повикува политичарите да не прават притисок врз комисијата и да не ѝ поставуваат рокови, бидејќи тоа може да доведе до лоши, неквалитетни и контрапродуктивни решенија.

„На овој свет мора само да се умре, а дали ќе донесеме решение до октомври ќе покаже времето“, вели Тодоров, додавајќи дека признавање на Гоце Делчев како Бугарин би било бесмислено, бидејќи во таков случај Македонија и македонските граѓани би немале основа да го чествуваат“. Целиот разговор со Тодоров прочитајте/погледнете го ТУКА.

 

- Реклама -