Исток против Запад, низ очите на кинеска дизајнерка

Дизајнерката Јанг Лиу, родена во Пекинг, живее во Германија од 1990-тата. Таа состави креативни и мудри пиктографии, кои апстрактно ја претставуваат разликата помеѓу Истокот и Западот, или попрецизно – Германците и Кинезите.

Се разбира, генерализациите никогаш не се пожелни, но Германците се познати по тоа што обиколуваат кога сакаат да кажат нешто и се надеваат дека слушателот сам ќе сфати, а Кинезите дефинитивно знаат дисциплинирано да чекаат во линии. Дури и да не се согласувате целосно со перцепцијата на Лиу, дизајните се вредни да се погледнат.

Германија е претставена со сино, а Кина со црвено:

cul14
Како пристапуваат на проблемот.
cul1
Како споделуваат мислења.
cul
Како формираат редови на чекање.
cul2
Како гледаат на себе си.
cul3
Како гледаат на доцнењето.
cul4
Како се конектираат со други луѓе.
cul5
Како изразуваат емоции.
cul7
Ароганција и самодоверба.
cul8
Изгледот на улиците во недела.
cul9
Птичја перспектива на забава.
cul10
Врева во рестораните.
cul12
Како формираат спомени.
cul13
Идеали за убавината: Германците преферираат потемна кожа, а Кинезите посветла.
cul15
Температура на оброците во текот на денот.
cul16
Префериран транспорт.
cul17
Како обично старите луѓе го поминуваат времето.
cul18
Кога се бањаат.
cul19
Како гледаат на времето.
cul20
Како го третираат шефот.
cul21
Трендови во однос на храната.
cul22
Позицијата на децата во семејството.
cul23
Како гледаат на новите потрошувачки производи.
cul24
Стереотипите што едните ги имаат за другите.

Што мислите, каде повеќе припаѓаме ние?

- Реклама -