Охрид повторно ќе биде дом на летниот музички спектакл! По магичната ноќ од минатата година, Јелена Розга се враќа на сцената на Античкиот театар со концерт кој ќе донесе нови емоции, уште поголеми хитови и атмосфера што нема да сакате да ја пропуштите. Токму една година по истата дата, на истото место, со истата магија.
На 29 јули 2026 година, со почеток во 21:00 часот, публиката повторно ќе има прилика да биде дел од вечер која веќе еднаш беше прогласена за „настан на летото“. Концертот за кој се бараа влезници повеќе и кој многумина го запаметиле како спектакл каков што не се сеќаваме во градот под Самоиловата тврдина.
Со организација на Евентум продукција, концертот ќе биде повторување на минатогодишната магија, но со нова енергија и уште поинтензивно музичко доживување.
Оваа година, Јелена Розга има дополнителен повод за славење, бидејќи одбележува 30 години успешна кариера. По таа причина, таа подготвува посебно изненадување за публиката, а тоа е новата верзија на легендарната песна „Бижутерија“, која добива официјален видеозапис и освежено издание.
И по 15 години, „Бижутерија“ останува симбол на една ера, песна која генерации ја усвоија како своја и од која потекнаа култните зборови „жена, мајка, кралица“ – химна на женската сила и став. Со новото издание, песната добива свежа енергија, задржувајќи ја препознатливата емоција која ја направи безвременска.
„Понекогаш некои песни се враќаат на начин што ни самиот не го очекуваш. „Бижутерија“ е една од нив. Овој пат доби ново лице и нова енергија, а јас само ѝ дозволив да ја раскаже својата следна приказка“, вели Розга.
Уживајте во „Бижутерија“ и не заборавајте дека на 29 јули Охрид повторно ќе пее во еден глас, нè чека вечер исполнета со хитови, емоции и магија; нова концертна приказна која ќе се памети долго. Билетите се веќе во продажба!
Во старата добра „Бижутерија“, спакувана во ново руво, можете да уживате на официјалниот Јутјуб канал на Јелена Розга.




