Приемниот испит за оксфордскиот „All Souls“ колеџ се состои претежно од апстрактни прашања кои се толку тешки што многумина го сметаат за “најтежок испит во светот“.
Кандидатите за студии мораат да одговорат на два општи теста и два теста поврзани со смерот на студирање.
До 2010-тата, испитот беше уште потежок, со оглед на тоа дека кандидатите мораа да пишуваат и есеј, за кој добиваа само три часа. За тема обично добиваа по еден збор, како на пример „невиност“ или „грешка“.
Еве како изгледаат како дел од прашањата од општите тестови (кандидатите обично добиваат по три):
- Дали во 20-от век победи левицата, или десницата?
- Дали интелектуалците треба да „твитаат“?
- Дали државите треба да ги контролираат своите граници?
- Дали вегетаријанизмот е иднината?
- Дали сите граѓани треба да добиваат минималец од државата?
- Дали на авиокомпаниите треба да им се дозволи да им наплаќаат карти на патниците во зависност од нивната килажа?
- “Луѓето кои се безбедни се храбри” (Се алудира на мотото на шведската Социјалдемократска партија, кое сугерира дека прогресивната политика мора да им помогне на луѓето да ги издржат промените, наместо да ги избегнуваат). Дали е тоа точно?
- Дали на затворениците треба да им биде дозволено да гледаат телевизија?
- Погрешно ли е да се користат беспилотни летала во војна и, ако да, зошто?
- За што служат универзитетите?
Ова пак, се прашањата за кандидатите за студии по филозофија:
- Дали родот е општествена конструкција? А полот?
- Дали бесот има легитимна улога во политиката?
- Што можеме да научиме за психата, ако се имаат во предвид нејзините нарушувања?
- Дали емоциите можат да бидат причина за постапки?
- Дали доказот од повеќе реда е поголем доказ?
- Како функционира извинувањето?
- Дали епистемиологијата треба да биде натурализирана?
Еден од испитувачите (кој еднаш и самиот го полагал приемниот на All Souls, а сега ги оценува тестовите) вели дека „најдобрите кандидати покажуваат добро владеење на предметот кој ги интересира и изнесуваат аргументи во јасна проза“.
Од 80 кандидати, колку што го полагаат испитот, обично поминуваат само двајца, а некогаш се случува да има само еден што успешно ќе го положи. Оние што ќе го положат тестот, потоа мораат усмено да ги образложат своите одговори. За притисокот да биде поголем, обично одговараат пред постарите студенти.
Примените кандидати ги очекуваат студии од седум години, но ако притоа се бават со научна работа, ги очекуваат и околу 15.000 фунти годишно.