Да може да го врати времето после раѓањето на првото дете, тој никогаш не би и ги кажал овие работи на својата сопруга.
Еден татко, чие што дете сега има осум години, реши да ги сподели со светот своите грешки.
Првото дете го добив пред осум години. Тогаш имав 24. Не знаев што правам. Бев млад, заљубен, исплашен и сето тоа ме натера да ја повредам својата жена. Се чувствував лошо поради тоа. Се надевам дека следните татковци ќе научат барем нешто од моите грешки.
1. ШТО КАЖА ДОКТОРОТ, КОГА ЌЕ МОЖЕМЕ ПОВТОРНО ДА ИМАМЕ СЕКС?
Најголемата грешка. Твојата жена штотуку роди бебе тешко три килограми со царски рез, но тоа е ништо во споредба со твојата голема желба за секс? Ќе мораш да се избориш. Дали навистина мислиш дека и е потребен секс во тој момент? Рамисли малку. Остави време нејзиното тело да заздрави. Заслужила.
2. КОГА ЌЕ ПОЧНЕМЕ ПОВТОРНО ДА ВЕЖБАМЕ?
Велиш „ние“ наместо „јас“. Дали знаеш што слушнала твојата жена? „Ќе мораш да се фрлиш на работа и да ги изгубиш килограмите кои ги доби со бременоста“. Со ова потврди се од кое што жените најмногу се плашат по бременоста. Двајцата се прилагодувате на бебето, но таа се прилагодува и на бебето и на своето тело. Ја ожени затоа што е прекрасна и паметна. Затоа што покрај неа си подобар човек. Размисли за тоа.
3. УМОРЕН СУМ
Да се има бебе е напорно и за двајцата родители. Не велам дека не сум бил уморен. Но ако и го кажеш тоа на својата жена, таа ќе мисли дека треба да направи нешто што ќе ти помогне да се одмориш. Или ќе има чувство дека бараш утеха, а тоа не и е работа сега. Утеха ќе мора да најдеш на некое друго место, бидејќи таа сега се грижи за бебето, а покрај тоа се грижи да има доволно млеко да ја нахрани. Нејзиното тело има многу работа. Биди љубезен и немој да зборуваш со неа за тоа колку си изморен.
4. УФ…ДАЛИ МОРАМ ЈАС ДА ГО ПРЕСОБЛЕЧАМ БЕБЕТО?
Да, мораш. Ти си татко! Во родителството учевствуваат и двајцата. Снајди се. Немој да и ја префрлаш таа обврска само на неа. Биди горд. Живееме во време на рамноправност каде што мажитеможат да променат пелени и да се чувствуваат добро поради тоа. Биди од помош.
5. ИМАШ ПРОДОЛЖЕН ОДМОР
Не, тоа не е одмор. Тоа е време за заздравување, време кога телото на твојата жена постепено се враќа во нормала и време кога таа се поврзува со бебето. Би требала да добие слободно време колку што сака ( три месеци, три години…) Тоа би било пристојно породилно отсуство.