Испечатено првото 3D издание на дневните весници

3dБелгискиот La Derniere Heure е првиот весник испечатен во 3D издание, кое се продава заедно со посебни очила. Сите фотографии и огласите во ова посебно издание имаат трoдимензионален ефект, само текстуалниот дел изгледа класично.


_47444613_dhБелгискиот La Derniere Heure е првиот весник испечатен во 3D издание, кое се продава заедно со посебни очила. Сите фотографии и огласите во ова посебно издание имаат трoдимензионален ефект, само текстуалниот дел изгледа класично.

Уредникот на овој весник вели дека немаат понатамошни планови и во иднина да ја користат 3D технологијата заради преголемите трошоци. Коментаторите во Франција ја поздравија “храбрата иницијатива“, но резултатот го оценија како „далеку од совршен“.

Уредникот Hubert Leclercq откри дека за подготвките за ова издание биле потребни два месеци, а форматот на листовите е поголем од вообичаено. На киосците се најдоа 115.000 примероци од 3D весникот.

„Слушаме за 3D кино, телевизија и видео игри, па и ние сакавме да го пробаме тоа.“, вели Leclercq. „Потребно е само неколку минути да се навикнете на фотографиите во 3D“. Сепак, многумина не беа задоволни од матните фотографии на кои им било тешко да се фокусираат.
[Belgian newspaper La Derniere Heure issues ‘3D edition’]

- Реклама -