Искусете го Tour de France од вашиот дом (видео)

велосипедНекои фанови на велосипедизмот сакаат да ги следат професионалците и да го извозат секој напорен километар од Тур де Франс, други пак сакаат да гледаат од удобноста на својот дом. Но повеќе не постои причина зошто да бирате.

Овој велосипед вреден речиси 900 евра е поврзан со Google Maps не само што овозможува возење на соодветното растојание, туку и се навалува за да се реконструираат француските ридови. Производителот Pro-Form вели дека со официјалниот ‘Le Tour’ велосипед: „Добивате реалистично вежбање – исто како да сте на отворено – само без сообраќај, дупки и лошо време. Сега можете да имате совршен ден на вашиот велосипед секој ден од годината со Le Tour de France Indoor Cycle.“

{youtube}ywWr-7uBTD4{/youtube}

- Реклама -