Популарната пејачка поради влегувањето во реалното шоу се најде на мета на критичарите, но таа за тоа не се грижи.
Анабела Атијас отворено зборува за своите причини за влегувањто во имотот во Лисовици, објаснувајќи дека тоа ѝ е идеална прилика за реклама, но и за пристојна заработка.
– Нема да кријам, потребни ми се пари и промоција. Без разлика дали тоа сакаме да го признаеме или не, учествувањето во реалните шоуа многу се исплати, а мојата единствена цел е да непречено да ја работам мојата работа- вели таа за „Hello“.
Поради учеството во Фарма, Анабела долго време ќе биде одвоена од својата најмлада ќерка Блакица, поради што многумина ја нарекоа лоша мајка.
– Не можам да останам ладна на малициозните обвинувања кои го ставаат под знак прашање моето мајчинство. Кога тие ќе ми ги плаќаат сметките, можеби тогаш би го прифатила нивното мислење.