Колку и да ја критикуваат, не постои човек на планетава што понекогаш не сака да се освежи со ладна Кока Кола. Фабио Пантоја, е дизајнер од Никарагва, а истовремено и зависник од оваа пијачка. Типов направил неверојатен ре-дизајн на логото на кое ги прикажува сите органи кои се оштетуваат како резултат на пиење на Кока Кола во екстремни количини. Муабетот не му бил да ја искритикува корпорацијата, туку самиот себе си, што дозволил да се „навлече“.